ФЕМИБИОН® 1

Femibion Macedonia > Blog > Uncategorized > ФЕМИБИОН® 1

ФЕМИБИОН® ЗА БРЕМЕНИ 1 со Метафолин® ги исполнува специфичните потреби на жената во репродуктивниот период, од моментот на планирање се до крајот на третиот месец од бременоста.

ФЕМИБИОН® содржи фолна киселина, Метафолин® – активен облик на фолна киселина кој организмот може веднаш да го користи, 9 есенцијални витамини и јод.

ФЕМИБИОН® 1  е наменет за:

  • Жени кои планираат бременост
  • Бремени жени, до крајот на третиот месец од бременоста

Препорачаниот дневен внес на фолати од 400 µg не може да се обезбеди исклучиво преку исхрана (просечен внес е околу 50%).

Во текот на бременоста се зголемува потребата за фолати.

Фолна киселина претставува неактивен облик кој организмот може да го користи кога ензимите ќе ја претворат во биолошки активен облик, метилфолат (Метафолин®).

Секоја втора жена не може во потполност да ја претвори фолната киселина во активен облик.

ФЕМИБИОН® 1 содржи биолошки активен облик на фолати, Метафолин®
кој организмот може веднаш да го искористи.

Значењето на внесот на фолати во првото тромесечие на бременоста:

  • Спречува неправилности во формирање на невралната цевка
  • Придонесува за раст на плацентата за време на бременоста

Значењето на јод во текот на бременоста:

  • Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
  • Придонесува за нормална функција на тироидните хормони и нормално функционирање на тироидната жлезда
  • Придонесува за нормални когнитивни функции

Значење на останатите витамини:

  • Витамин Б1 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам и снабдување на организмот со енергија
  • Витамин Б2 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам
  • Витамин Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеини
  • Витамин Б12 придонесува за формирање на крвта и нормално функционирање на нервниот систем
  • Витамин Ц придонесува за формирање на крвно ткиво, за одржување на одбрамбените механизми на организмот и за зголемена абсорпција на железото од храната
  • Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
  • Биотинот придонесува за нормални мукозни мембрани
  • Пантотенатот придонесува за метаболичките процеси за продукција на енергија
  • Никотинамидот придонесува за одржување на функциите на кожата


Состојки:
 калциум-л-метилфолат (Метафолин®), фолна киселина, тиамин мононитрат (витамин Б1), рибофлавин ( витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид ( витамин Б6), цијанокобаламин(витамин Б12), Д-биотин, никотинамид, калциум- Д- пантотенат, Д,Л-алфа-токоферилацетат (витамин Е), калциум – Л- аскорбат (витамин Ц), калиум јодид,малтодекстрин.

Адитиви: микрокристална целулоза (Е 460)- средство за зголемување на волумен, хидроксипропилцелулоза (Е 463), хидроксипропилметилцелулоза (Е 464),глицерол (Е422), модифициран пченкарен скроб -згуснувач, титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б)  – средство за одржување на влажноста,  титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б),силициум-диоксид (Е551)- средство против згуснување,натриум-цитрат (Е331), винска киселина (Е334), лимунска киселина (Е330)- регулатор на киселоста .

Состав:                                                             1 таблета          % од ПДД

Фолати400 µg од кои:200% од ПДД
Фолна киселина200 µg100 % од ПДД
Л-метилфолат (еднакво на 200 µg фолна киселина)208 µg100 % од ПДД
Витамин В11,2 mg 109 % од ПДД
Витамин В21,6 mg114 % од ПДД
Витамин В61,9 mg136 % од ПДД
Витамин В123,5 µg140 % од ПДД
Биотин 60 µg120 % од ПДД
Никотинамид15 mg  94 % од ПДД
Пантотенска киселина  6 mg100 % од ПДД
Витамин Ц110 mg138 % од ПДД
Витамин Е  13 mg108 % од ПДД
Јод150 µg100 % од ПДД

Не содржи лактулоза и глутен!

Пакување:

Кутија со 30 таблети.

Начин на употреба:

Се зема една таблета на ден со вода .

Се препорачува употреба од моментот на планирање, во текот на бременоста и се до крајот на третиот месец од бременоста.

Препорачаната дневна доза да не се надминува.

Предупредување: Не се препорачува употреба во случај на хипертиреоза и хиперпаратиреоза!


Начин на чување:

Да се чува на температура до 25°С.

Да се чува подалеку од дофат на деца!

Рокот на употреба е означен на пакувањето.

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана и здрав начин на живот!