ФЕМИБИОН® ЗА БРЕМЕНИ 1 со Метафолин® ги исполнува специфичните потреби на жената во репродуктивниот период, од моментот на планирање се до крајот на третиот месец од бременоста.
ФЕМИБИОН® 1 содржи фолна киселина, Метафолин® – активен облик на фолна киселина кој организмот може веднаш да го користи, 9 есенцијални витамини и јод.
ФЕМИБИОН® 1 е наменет за:
- Жени кои планираат бременост
- Бремени жени, до крајот на третиот месец од бременоста
Препорачаниот дневен внес на фолати од 400 µg не може да се обезбеди исклучиво преку исхрана (просечен внес е околу 50%).
Во текот на бременоста се зголемува потребата за фолати.
Фолна киселина претставува неактивен облик кој организмот може да го користи кога ензимите ќе ја претворат во биолошки активен облик, метилфолат (Метафолин®).
Секоја втора жена не може во потполност да ја претвори фолната киселина во активен облик.
ФЕМИБИОН® 1 содржи биолошки активен облик на фолати, Метафолин®
кој организмот може веднаш да го искористи.
Значењето на внесот на фолати во првото тромесечие на бременоста:
- Спречува неправилности во формирање на невралната цевка
- Придонесува за раст на плацентата за време на бременоста
Значењето на јод во текот на бременоста:
- Придонесува за нормално функционирање на нервниот систем
- Придонесува за нормална функција на тироидните хормони и нормално функционирање на тироидната жлезда
- Придонесува за нормални когнитивни функции
Значење на останатите витамини:
- Витамин Б1 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам и снабдување на организмот со енергија
- Витамин Б2 придонесува во одржување на нормален енергетски метаболизам
- Витамин Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеини
- Витамин Б12 придонесува за формирање на крвта и нормално функционирање на нервниот систем
- Витамин Ц придонесува за формирање на крвно ткиво, за одржување на одбрамбените механизми на организмот и за зголемена абсорпција на железото од храната
- Витамин Е придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес
- Биотинот придонесува за нормални мукозни мембрани
- Пантотенатот придонесува за метаболичките процеси за продукција на енергија
- Никотинамидот придонесува за одржување на функциите на кожата
Состојки: калциум-л-метилфолат (Метафолин®), фолна киселина, тиамин мононитрат (витамин Б1), рибофлавин ( витамин Б2), пиридоксин хидрохлорид ( витамин Б6), цијанокобаламин(витамин Б12), Д-биотин, никотинамид, калциум- Д- пантотенат, Д,Л-алфа-токоферилацетат (витамин Е), калциум – Л- аскорбат (витамин Ц), калиум јодид,малтодекстрин.
Адитиви: микрокристална целулоза (Е 460)- средство за зголемување на волумен, хидроксипропилцелулоза (Е 463), хидроксипропилметилцелулоза (Е 464),глицерол (Е422), модифициран пченкарен скроб -згуснувач, титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б) – средство за одржување на влажноста, титан диоксид (Е171), железо оксид (Е172)- боја, магнезиумови соли на масни киселини ( Е 470б),силициум-диоксид (Е551)- средство против згуснување,натриум-цитрат (Е331), винска киселина (Е334), лимунска киселина (Е330)- регулатор на киселоста .
Состав: 1 таблета % од ПДД
Фолати | 400 µg од кои: | 200% од ПДД |
Фолна киселина | 200 µg | 100 % од ПДД |
Л-метилфолат (еднакво на 200 µg фолна киселина) | 208 µg | 100 % од ПДД |
Витамин В1 | 1,2 mg | 109 % од ПДД |
Витамин В2 | 1,6 mg | 114 % од ПДД |
Витамин В6 | 1,9 mg | 136 % од ПДД |
Витамин В12 | 3,5 µg | 140 % од ПДД |
Биотин | 60 µg | 120 % од ПДД |
Никотинамид | 15 mg | 94 % од ПДД |
Пантотенска киселина | 6 mg | 100 % од ПДД |
Витамин Ц | 110 mg | 138 % од ПДД |
Витамин Е | 13 mg | 108 % од ПДД |
Јод | 150 µg | 100 % од ПДД |
Не содржи лактулоза и глутен!
Пакување:
Кутија со 30 таблети.
Начин на употреба:
Се зема една таблета на ден со вода .
Се препорачува употреба од моментот на планирање, во текот на бременоста и се до крајот на третиот месец од бременоста.
Препорачаната дневна доза да не се надминува.
Предупредување: Не се препорачува употреба во случај на хипертиреоза и хиперпаратиреоза!
Начин на чување:
Да се чува на температура до 25°С.
Да се чува подалеку од дофат на деца!
Рокот на употреба е означен на пакувањето.
Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена за разновидна исхрана и здрав начин на живот!
Recent Comments