Фемибион® 1

Femibion Macedonia > Blog > Uncategorized > Фемибион® 1

ВНАТРЕШНО УПАТСТВО: ИНФОРМАЦИИ ЗА КОРИСНИКОТ

Планирање и рана бременост

Од 1-12 недела

Додаток на исхрана со комплекс витамини и минерали кои претставуваат дополнителен извор на овие биоактивни соединенија, наменет за жени во тек на планирање на бременост и во тек на рана бременост (прв триместар – до 12 недели).

Од моментот на планирање и за рана бременост до 12 недела, како додаток на исхрана.

Фолна киселина + Метафолин®, останати витамини, минерали и холин.

  • Посебно во првото тримесечје од Вашата бременост, неопходно е да се осигурате да добиете доволно фолати, бидејќи ниското ниво на фолати е еден од факторите на ризик за развој на дефекти на неврална туба кај фетусот.*
  • Фолна киселина и Метафолин® се извор на фолати кај Фемибион 1. Метафолин®, активен облик на фолат, директно е достапен во Вашето тело и не мора да биде конвертиран.
  • Витамин Д кој се содржи во Фемибион 1 обезбедува доволен внес во тек на бременост. Витамин Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и има улога во процес на клеточна делба.
  • Фемибион 1 таблетите содржат единаесет витамини (витамини Б комплекс, витамини Ц, Д и Е), јод, селен, железо и холин.
  • Железото придонесува за нормално создавање на црвени крвни зрнца и намалување на замор. Потребата за холин се зголемува на почеток на бременоста. Холин придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин.

*Дополнителен внес на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката.

Ниско ниво на фолати кај мајката е ризик фактор во развојот на дефекти на неврална туба кај фетусот во тек на развојот. Поради тоа се препорачува жените да земаат 400µg дополнително фолна киселина дневно најмалку 1 месец пред и до 3 месеци по зачнување.

Постојат неколку фактори на ризик за развој на дефекти на неврална туба па промената на еден од факторите може и не мора да има благотворен ефект. Како фолати истотака придонесуваат за раст на ткивото кај мајката за време на бременост на пр. изградба на плацента, треба да се води грижа за доволен внес на фолати во тек на цела бременост.

Плацентата ги обезбедува на бебето сите хранливи материи.

Состојки: холин-битартарат, микрокристална целулоза (средство за зголемување на волумен),

калциум-Л-аскорбат, потполно хидрогенизирано соино масло, железо – бисглицинат, хидроксипропил-метил целулоза (згуснувач), вкрстено врзана натриум-карбоксиметил целулоза (стабилизатор), калциум карбонат (боја), малтодекстрин, поливинил-алкохол, полиетилен гликол и талк (средства за глазирање), хидроксипропил-целулоза (згуснувач), никотинамид, лимонска киселина, магнезиум-стеарат, стеаринска киселина и дикалциум-фосфат (средства против згрутчување), ДЛ-алфа-токоферил ацетат, калциум-Д-пантотенат, модифициран скроб (стабилизатор), пиридоксин-хидрохлорид, сахароза, тиамин-мононитрат, рибофлавин, пченкарен скроб, калциум-Л-метилфолат, птероил-моноглутаминска киселина, калиум-јодид, Д-биотин, натриум-селенат, холекалциферол и цијанокобаламин.

Активни состојкиВо 1 тaблета% ПДВ1
Фолна киселина, Од кои Птероил-моноглутаминска киселинаМетафолин®2400.0 µg   200.0 µg   200.0 µg200%   100%   100%
Витамин Б11.4 mg127%
Витамин Б21.4mg100%
Витамин Б61.9 mg136%
Витамин Б124.5 µg180%
Витамин Б312.0 mg (NE)75%
Витамин Б740.0 µg80%
Витамин Б56.0 mg100%
Витамин Е4.8 mg TE40%
Витамин Д310.0 µg200%
Витамин Ц55.0 mg69%
Јод150.0 µg100%
Селен26.0 µg47%
Железо10.0 µg71%
Холин130.0 mg

1 ПДВ – Препорачан дневен внес

2 Метафолин® –(калциум-Л-метилфолат) 208.0 µg што одговара на 200.0 µg фолна киселина

Без глутен, лактоза и желатин.

Поддршка за Вас и Вашето бебе во тек на рана бременост во период од 12 недели

  • За време на бременост важно е да се обезбеди доволна количина на фолати, особено во првото тримесечје. Ниско ниво на фолати кај мајката е еден од факторите на ризик за развој на дефекти на невралната туба кај фетусот.
  • Фолатот во Фемибион 1 содржи фолна киселина и Метафолин. Метафолин како активен облик на фолат директно е достапен во Вашето тело и не мора да биде конвертиран.
  • Витамин Д кој се содржи во Фемибион 1 обезбедува доволен внес во тек на бременост. Витамин Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и има улога во процес на клеточна делба.
  • Фемибион 1 таблетите содржат единаесет витамини (витамини Б комплекс, витамини Ц, Д и Е), јод, селен, железо и холин.
  • Холин придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин.
  • Дополнителен внес на фолна киселина го зголемува нивото на фолати кај мајката.
  • Ниско ниво на фолати кај мајката е ризик фактор во развојот на дефекти на неврална туба кај фетусот во тек на развојот. Поради тоа се препорачува жените да земаат 400µg дополнително фолна киселина дневно најмалку 1 месец пред и до 3 месеци по зачнување.
  • Постојат неколку фактори на ризик за развој на дефекти на неврална туба па промената на еден од факторите може и не мора да има благотворен ефект. Како фолати истотака придонесуваат за раст на ткивото кај мајката за време на бременост на пр. изградба на плацента, треба да се води грижа за доволен внес на фолати во тек на цела бременост.

Плацентата ги обезбедува на бебето сите хранливи материи.

  • Фемибион 1 е без глутен, лактоза и желатин.

Големина на пакување:

Фемибион 1 е достапен во величина на пакување за 4 недели (28 филм таблети).

Од 13-та недела Вашето бебе почнува фаза на интензивен раст. Поради тоа се препорачува преминување на Фемибион 2 Бременост во второ и трето тримесечје (од 13-40-та недела) и за период во тек на доење.

За време на периодот на доење препорачуваме да го употребувате производот Фемибион 2.

Фемибион 1 ги обезбедува следниве хранливи состојки:

  • ФОЛНА КИСЕЛИНА

е витамин Б кој телото го претворил во фолат. Фолатите придонесуваат за нормално формирање на крвта, имаат улога во процес на клеточна делба и раст на ткивото на мајката во тек на бременост.

  • МЕТАФОЛИН

директно е достапен во облик на фолат кој телото не мора прво да го конвертира.

Метафолин е регистриран заштитен знак на Merck KGaA, Darmstadt, Германија користен под лиценца.

  • ХОЛИН

Придонесува за нормален метаболизам на хомоцистеин, што е важно за различни животни фази вклучувајќи ја и бременоста. Потребата за холин е поголема во тек на бременост.

  • ВИТАМИН Д3

Придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и игра улога во процесот на клеточна делба.

  • ЈОД

Придонесува за нормално создавање на тироидни хормони и нормално функционирање на тироидната жлезда.

  • ВИТАМИН Б1, Б2 и БИОТИН

Придонесува за одржување на нормален енергетски метаболизам и нормално функционирање на нервниот систем.

  • ВИТАМИН Б6, Б12, НИАЦИН И ПАНТОТЕНСКА КИСЕЛИНА

Придонесуваат за намалување на замор и исцрпеност.

  • ВИТАМИН Ц И СЕЛЕН

Придонесуваат за нормална функција на имуниот систем.

  • ВИТАМИН Е

Придонесува за заштита на клетките од оксидативен стрес.

  • ЖЕЛЕЗО

Придонесува за нормално создавање на црвени крвни зрнца и хемоглобин, како и намалување на замор и исцрпеност.

Начин на употреба: Возрасни: Испијте една таблета на ден со доволна количина течност.

Напомена:

Фемибион 1 е наменет за употреба како додаток на исхрана а не како замена за балансирана и разновидна исхрана.

Препорачаната дневна доза не смее да се надмине (една таблета на ден).

Да се чува подалеку од дофат на деца.

Предупредување:

Производот не смеат да го употребуваат особи преосетливи на било која од состојките во производот. Производот не е наменет за деца и млади од 6 години.

Да се чува во оригинално пакување, заштитено од светлина и влага на температура до 25°С.

Производител:

P&G Health Austria GmbH & Co. OG

HÖsslgasse 20, 9800Spittal/ an der Drau, Austria

Увозник и дистрибутер за Р. С. Македонија:

Европа Лек Фарма ДООЕЛ, Ул. Јадранска Магистрала бр. 31 1000 Скопје